петок, 20 декември 2024

Италија уплашена од руските воени бродови во Средоземјето

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето предупреди на опасноста руските морнарички сили во случај да ја напуштат Сирија да се преместат во либиските пристаништа, со што дополнително би им се приближиле на територијалните води на Италија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека постојат индикации дека руските бродови од сириското пристаниште Тартус би можеле да се префрлат во либиските пристаништа. Ваквата одлука значително би го променила балансот на силите во Средоземно Море, кое Италија го смета за своја непосредна околина.

„Москва ги преместува ресурсите од својата сириска база Тартус во Либија. Тоа не е добро. Руските бродови и подморници во Средоземно Море се секогаш загрижувачки. Уште поалармантно е кога се на само два чекори од нас наместо на илјада километри“, кажа Кросето.

По уривањето на претседателот Башар ал Асад, руските сили кои се наоѓаа во Сирија почнале процес на преместување на персоналот и техниката од пристаништето Тартус и воздухопловната база Хмејмим.

Руските бродови би можеле да се упатат во Тобрук во источна Либија, каде Москва преговара за формален договор за користење на пристаништето со паралелната влада на генералот Калифа Хафтар.

Руската војска веќе има воени бази во источна Либија во кои има трупи и логистика, а се користат за поддршка на лидери во супсахарска Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ