понеделник, 21 октомври 2024

Италија: Нема шанси да ги исполниме финансиските барања на НАТО

Италија нема шанси да ги зголеми своите воени трошоци на два отсто од бруто домашниот производ во 2024 година, и покрај барањата на НАТО, и веројатно нема да може да ја исполни целта во следните пет години, изјави италијанскиот министер за одбрана Гуидо Крозето пред пратениците во Рим.

Објавено на

часот

Сподели

Трошоците за одбрана на Италија оваа година ќе изнесуваат 1,46 отсто од БДП на земјата, според проценките на НАТО.

Тој однос се очекува да падне на 1,38 отсто следната година и на 1,26 отсто во 2025 година, иако трошоците за одбрана растат.

Зборувајќи пред членовите на комисиите за одбрана и надворешни работи на двата дома на италијанскиот парламент во вторникот, Крозето рече дека зголемувањето на воените трошоци на два отсто од БДП ќе биде „невозможно“ во 2024 година и „тешко и за 2028 година“.

„Ние сме навистина далеку од два проценти, многу далеку. НАТО не смее да поставува нереални финансиски цели“, рече Крозето.

Италија нема да може да ги зголеми своите воени трошоци колку што е потребно, освен ако буџетот за одбрана не биде исклучен од фискалните ограничувања на ЕУ, претходно предупреди Крозето.

„Доколку не ја решиме сегашната рамка на недоследности меѓу одговорноста за зајакнување на безбедноста и јавните финансии и ограничувањата наметнати од ЕУ, ќе биде многу тешко да се достигне минималниот праг од 2 отсто што го предвидува НАТО во разумен временски рок“, изјави италијанскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ