четврток, 13 февруари 2025

Истражување во САД: Обама е најпопуларниот поранешен претседател, Бајден со најмала поддршка

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама има најголема наклонетост од јавноста, додека најмала има Џо Бајден, покажува истражување на Галуп за популарноста на поранешните американски претседатели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето на Галуп е спроведено една недела по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, од 21 до 27 јануари, на примерок од 1.001 анкетиран, пренесува Политико.

Истражувањето покажало дека 59 отсто гледаат со симпатии на Барак Обама, 52 отсто на Џорџ В. Буш и 48 отсто на Бил Клинтон, додека 57 отсто негативно гледаат на Бајден.

Мислењето за Обама останало стабилно откако ја напушти функцијата, на Буш му опаднала популарноста, што се припишува на тоа што повеќе Американци не се запознаени со неговото претседателство и немаат мислење за него, додека вкупниот имиџ на Клинтон се подобрил бидејќи сè помалку луѓе имаат негативен став или немаат мислење за него.

И покрај тоа што рејтингот на Бајден падна под 6 отсто, неговата популарност почна да опаѓа по повлекувањето на САД од Авганистан во 2021 и продолжи со негативниот тренд поради политиката кон војната на Израел против Хамас, економската политика и прашањето на миграциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ