сабота, 19 октомври 2024

Истражување: Цените на недвижностите во следната деценија ќе растат во просек по девет отсто годишно

Објавено на

часот

Сподели

„Зголемувањето на цените на недвижностите е повеќе поттикнато од факторите на побарувачката отколку на понудата“, вели истражувачот од германскиот институт Ифо, Тимо Вохнер, кој го спровел истражувањето со швајцарскиот Институт за економска политика.

Прогнозираните зголемувања на цените на недвижности во светот се разликуваат.

Очекуваните стапки на раст во Западна Европа од 6,4 отсто и во Северна Америка од 7,7 отсто се под светскиот просек.

Значително се повисоки во Јужна и Источна Европа, каде изнесуваат 18,4 отсто, односно 14,9 отсто. Се очекува цените во Јужна Азија да пораснат за 25,1 отсто, а во Западна Азија за 22,4 отсто и во Централна Америка за 24,4 отсто.

Експертите предвидуваат раст од 8,4 отсто во Британија, 7,2 отсто во Германија, шест отсто во САД и 5,5 отсто во Франција.

Причините за поскапувањето вклучуваат повисок животен стандард и поголеми примања, како и желба за поголем животен простор, како и растот на бројот на жители.

Сè поголемата популарност на работата од дома исто така придонесува на растот на цените, се наведува во истражувањето.

Вкупно 1,4 илјади економски експерти од 133 учествувале во истражувањето, кое траело од 14 јуни до 2 јули.

Бројките не се усогласени со инфлацијата, па реалните зголемувања на цените веројатно ќе бидат помали.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ