Како што соопшти Јавното обвинителство, на 20 декември 2024 година осомничениот дошол пред врата на стан на улицата „Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари. На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу”.
Во објектот влегле насилно и по пребарување одзеле мобилен телефон. Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога насилно влегол во пицерија на улицата „Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.