Тој најави дека в среда ќе отпатува во сојузната држава Рио Гранде до Сул, трет пат од почетокот на невидените временски непогоди пред две недели.
„Ова е катастрофа од размери за кои не бевме подготвени“, рече Лула за време на состанокот со министерот за финансии Фернандо Хадад и други официјални претставници, на кој од далечина присуствуваше и гувернерот на државата, Едуардо Леите.
Salgado Filho Airport in #PortoAlegre flooded!
‘Worst ever weather catastrophe’ has claimed over 145 lives in #Brazil and the worst may not be over as more record flooding is predicted!8/8#Storm #Brasil #Flood #Flashflood #Rain #Inundacio #Chuva #Weather #Viral #Climate pic.twitter.com/KhxYiGsvqM
— Earth42morrow (@Earth42morrow) May 13, 2024
Според последните податоци што во понеделникот ги објави Цивилната одбрана, загинале 147 лица, 806 се повредени, а 127 се водат како исчезнати. Повеќе од 600.000 морале да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 77.000 сместени во училишта и спортски сали претворени во засолништа.
Во областа Хармонија во градот Каноас, предградие на регионалниот главен град Порто Алегре, жителите се вратија во своите домови за да го проценат степенот на штетата и да го спасат она што сè уште може да се спаси. „Во октомври имаше поплава, а сега изгубив сè“, изјави за АФП Алседир Алвес, 58-годишен ѕидар.
Обилните дождови, кои експертите ги поврзуваат со глобалното затоплување и природниот временски феномен Ел Нињо, погодија вкупно повеќе од два милиони луѓе.
Меѓу нив има најмалку 80 домородни заедници, според Домородниот мисионерски совет на Бразил. Во понеделникот, владата соопшти дека доставила пакети со храна и вода за пиење на 240 семејства во три такви заедници во долината Таквари.
Southern region of Brazil has already been hit by five extratropical cyclones in the last 12 months😭The whole planet is experiencing increasingly rapid climate changes due largely to the greenhouse gases produced by a handful of wealthy nations. #ClimateAction #Brasil #floods pic.twitter.com/sQNBF6GB42
— netzfrauen☮️ (@netzfrauen) May 13, 2024
Ситуацијата дополнително ќе се искомплицира со доаѓањето на студен фронт кој ќе предизвика пад на температурите, предупреди метеоролошката агенција МетСул. Во Порто Алегре, модерна метропола со 1,4 милиони жители, властите треба да спроведат опсежна операција за дистрибуција на помош (вода, лекови, облека) од целата земја, но и од странство.
Најтешко погодените семејства ќе добијат 2.000 реали (околу 360 евра) за да го започнат својот „живот од почеток“.
За да помогне во обновата, Лула предложи да се суспендираат исплатите на долгот на сојузната држава Рио Гранде до Сул на три години, долг за кој гувернерот рече дека станал „неподнослив“. Таа мерка допрва ќе треба да ја одобри парламентот.
Поплавите во Бразил имаат влијание и надвор од неговите граници. Во соседна Аргентина, околу 600 луѓе се евакуирани од североисточната провинција Ентре Риос поради поплави на реката Уругвај, соопштија властите.
Во градот Конкордија, градоначалникот Франциско Азкуе предупреди дека врвот се очекува во вторник и ги повика жителите да бидат „смирени“. „Очигледно е дека ќе евакуираме уште повеќе луѓе“, призна тој на локалното радио.