сабота, 19 октомври 2024

Источното крило на НАТО бара Украина да влезе во воениот пакт кога тоа ќе го дозволат околностите

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со европските лидери минатата недела во Молдавија и побара од НАТО да даде безбедносни гаранции ако членството сè уште не е возможно. Претседателите на источните членки на НАТО, од кои повеќето граничат или со Украина или со Русија, се сретнаа денес со генералниот секретар на сојузот Јенс Столтенберг во знак на поддршка на приближувањето на Украина кон НАТО.

Земјите на источното крило на НАТО – Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка – познати и како Букурешката деветка – најжестоко ја поддржуваат Украина. Некои членки, меѓутоа, се плашат дека оваа поддршка ќе ја доведе Алијансата чекор поблиску до директна конфронтација со Русија, а унгарската претседателка Каталин Новак предупреди на негативната страна на давањето нереални ветувања.

„Очекуваме во Вилнус да ги кренеме на ново ниво нашите односи со Украина и да почнеме нова политичка насока која ќе води до украинско членство во НАТО, кога тоа условите ќе го дозволат“, се наведува во соопштението.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа, кој ќе биде домаќин на самитот во Вилнус, кажа дека додека деветте земји едногласно го поддржуваат украинското членство во НАТО, поддршката од другите сојузници е „проблематична“. „Сè уште не гледам во која насока ќе отиде ова“, кажа тој.

„Во претстојните недели мораме да најдеме начин да направиме голем чекор напред и да не ја разочараме Украина. нема да биде доволно уште еднаш да повториме дека вратата на НАТО е отворена“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ