понеделник, 21 октомври 2024
Планинарел со група дојдена во Битола

Искусен планинар бил човекот кој вчера почина на Пелистер

Планинарот А.С. кој почина вчера на Пелистер не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат. Станува збор за искусен планинар. Неговото тело беше најдено на 2.000 метри надморска височина.

Објавено на

часот

Сподели

За пренесувањето односно извлекувањето на починатиот планинар од планината Пелистер, Регионалниот ЦУК Битола информира дека од МВРСВР Битола вчера (19.11.2023 година) прво во 12:50 часот, добиле известува дека на 500 метри над месноста Ловечка куќа на планината Пелистерна тешко пристапен терен има починато лице (планинар). Се работело за повозрасно лице од Скопје.

Од РЦУК Битола веднаш се известени ДЗС Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до најблиското место каде можело да дојде соодветно возило да го преземе.

За подобра координација е направен контакт помеѓу дежурните лица во МВРСВР Битола и ДЗС ПО Битола. Инаку, местото каде било пронајдено лицето (телото) било околу 2.000 метри надморска височина.

Помеѓу 14:30 и 15.00 часот, е испратена екипа на терен да го подигне телото на починатиот планинар и да изврши увид од страна на МВР.

Екипата била составена од четири члена од тимот на ДЗС Битола за брзи интервенции, претставник на МВР и вработен од Итна медицинска помош од Битола.

Во 18.10 часот, телото на починатиот планинар било донесено до асфалтен пат од каде што со специјализирано возило било транспортирано, согласно процедурите за ваков случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ