сабота, 19 октомври 2024

Ирскиот премиер: Не постои непосредна закана од Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат две области во кои работиме со нашите партнери. Една од нив е да се осигураме дека цевководите се побезбедни и потешки за саботажа, за да можеме да одговориме на заканата доколку се појави“, изјави Варадкар за Фајненшл тајмс.

Тој рече дека Ирска ќе остане надвор од НАТО, и покрај одлуката на Финска и Шведска да се приклучат на алијансата, и ја бранеше политиката на својата земја за снабдување на Украина само со несмртоносна опрема и хуманитарна помош.

Варадкар додаде дека Европската унија го цени придонесот на Ирска надвор од бојното поле.

„Ниту една земја во Западна Европа, по глава на жител, не прифатила толку многу украински бегалци колку ние“, изјави ирскиот премиер.

Во последниве месеци, Ирска се најде на удар на критики поради политиката на неутралност што ја усвои пред почетокот на Втората светска војна и до која продолжува да се придржува за време на руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ