понеделник, 21 октомври 2024

Ирански војник уби петмина соборци во југоисточниот град Керман

Ирански војник отвори оган врз други војници денеска во југоисточниот град Керман, при што уби петмина од нив, објави иранската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот на иранската телевизија се наведува дека до пукањето дошло кога војник влегол во касарната и почнал да пука во други војници, кои спиеле. Се додава дека мотивот за нападот не е познат, а сторителот, чиј идентитет не е соопштен, е во бегство.

Во извештајот се наведува дека инцидентот се случил во градот Керман, кој се наоѓа на околу 830 километри од главниот град Техеран.

Керман беше местото на две смртоносни експлозии претходно овој месец, во кои загинаа 94 луѓе, а беа ранети уште стотици за време на церемонијата по повод годишнината од смртта на иранскиот генерал убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Слични пукотници во воени бази се релативно чести во Иран. Во 2022 година, војник уби друг војник и тројца полицајци во полициска станица покрај патот на југот на земјата.

Во Иран, воениот рок до 24 месеци е задолжителен за мажи на возраст од 19 и повеќе години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ