четврток, 26 декември 2024

Иран му се закани на Израел

Иран ќе возврати на воздушниот напад на иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск извршен од Израел, кажа иранскиот претседател Ебрахим Раиси, еден ден откако во нападот беа убиени седум ирански воени команданти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи не успеа да ја уништи волјата на фронтот на отпорот, ционистичкиот режим (Израел) повторно стави убиства без признавање на одговорноста на својот дневен ред за да се спаси. Израел мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека овој кукавички злочин нема да остане без одговор“, кажа Раиси.

Израел веќе долго цели наводно ирански воени објекти во Сирија и тие на иранските сојузници, но вчерашниот напад беше прв на големиот дипломатски комплекс во сириската престолнина. Портпаролот на израелската војска одби да коментира.

Израел ги засили нападите врз Сирија паралелно со својата војна против палестинската милитантна група Хамас.

Повеќе од 32.000 Палестинци се убиени во израелската војна во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ