среда, 23 октомври 2024

Иран ги предупреди Израел и САД

Израелската војска го обвини Хезболах дека бара воена ескалација, при што се заканува опасност во конфликтот да се вовлече и Либан, по новите судири на границата каде тензиите се многу високи. „Хезболах го вовлекува Либан во војната од што нема да има никаква корист, а ризикува многу да изгуби“, се закани портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.

Објавено на

часот

Сподели

Западот стравува дека војната меѓу Хамас и Израел ќе се прелее надвор од границите, како и од посилен ангажман на проиранскиот Хезболах, сојузникот на палестинското исламистичко движење Хамас. Последната војна меѓу Израел и Хезболах од 2006 година во Либан зад себе остави 1.200 мртви, и 160 мртви во Израел, главно војници. Затоа израелската војска е во состојба на готовност на северната граница со Либан.

„Дали либанската држава е навистина спремна да го загрози она што остана од либанскиот просперитет и суверенитет? На тоа прашање мора да одговорат либанските власти“, кажа денес потполковникот Џонатан Конрикус.

Либанскиот премиер Наџиб Микати пак извести дека „преку дипломатски контакти на меѓународно ниво и во арапскиот свет, како и со локалните состаноци кои се одржуваат се настојува да се прекинат израелските напади на Либан“. Целта на тие контакти е да се спречи конфликтот од Газа да се прошири на либанската територија.

Иран денес ги предупреди Израел и Соединетите Американски Држави дека ризикуваат „ситуацијата да избега од контрола“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ