понеделник, 21 октомври 2024

Иран: Денес лансиравме три сателити истовремено

Иран денеска лансираше три сателити истовремено за прв пат користејќи ја ракетата носач на сателити Симорг развиена од Министерството за одбрана, објавија државните медиуми.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбитата од 450 километри со два помали уреди за тестирање на технологијата на теснопојасната комуникација и гео-позиционирањето, се вели во извештаите.

Поголемиот сателит наречен Махда, изграден од Иранската вселенска агенција, треба да ја тестира точноста на ракетата Симорг при носењето товар во вселената.

Иран го лансираше сателитот Сораја во орбитата овој месец со ракета изградена од елитната воена Револуционерна гарда, што ја зголеми загриженоста кај европските сили дека технологијата на вселенската ракета за лансирање може да се искористи за развој на системот балистички ракети со долг дострел.

Иран во саботата ја отфрли осудата од европските земји поради лансирањето на сателитот Сораја, велејќи дека мирољубивиот технолошки напредок во областа на авијацијата е легитимно право на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ