петок, 7 февруари 2025

Интерпелација за Весна Дамева: „Го наруши угледот на судиите“

Недоследно спроведување на надлежности, негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и целиот правосуден систем, односно судството во целина е причината за денеска поднесената интерпелација од група пратеници за Весна Дамева, и други членови на Судскиот совет.

 

Објавено на

часот

Сподели

Весна Дамева за член на Судскиот совет беше предложена од поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски. Таа беше и претседателка на Судскиот совет. Данева, како и другите членови на Судскиот совет беше избрана од Собранието.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба (интерпелација) за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од законодавниот дом. Од 15 членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

И во интерпелацијата за Селим Адеми пишува дека недоследно ги спроведувал на надлежности, „нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ