Со инспекцијата по наредба на министерот за здравство, бил извршен увид во основната медицинска документација за пациентката Б.М., електронскиот медицински дневник,за историја на болест, како и во Интегрираниот информатички систем Мој Термин. Побарани биле и се добиени изјави од здравствени работници и соработници на ГАК поврзани со лекувањето и третманот на родилката, велат од ДЗСИ.
„Од извршениот надзор во ЈЗУ УК ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани. Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија“, се вели во соопштението од ДЗСИ.
ДСЗИ не утврдил недостатоци на Универзитетската клиника за психијатрија по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање.