Едногласната одлука на петте судии е разочарувачка за големата ЛГБТК заедница во најнаселената нација во светот, пет години откако судот ја поништи забраната за истополови односи од ерата на колонијалното владеење.
Индиската влада допрва треба да ја коментира пресудата, но националистичката партија на Моди, Бхаратија Џаната, се спротивстави на петициите до судот за ова прашање, нагласувајќи дека истополовите бракови не се „во согласност со индискиот концепт за семејство од сопруг, сопруга и деца“.
Одлуката на судот дојде како одговор на повеќе од десетина петиции поднесени минатата година. Судот заклучи дека тој не може да носи закони, само да ги толкува и воведува. Сите пет судии донесоа посебни пресуди, што ја одразува сложеноста на прашањето.
Главниот судија Д.Ј. Чандрачуд го отфрли тврдењето на владата дека хомосексуалноста е „урбана и елитна“. Судот остави на панелот предложен од владата да се занимава со „човечките прашања“ на истополовите парови.
Се вели дека панелот треба да вклучува експерти со знаење и искуство во решавањето на социјалните, психолошките и емоционалните потреби на луѓето кои припаѓаат на ЛГБТК заедницата.
Панелот исто така треба да разгледа да им се овозможи на истополовите парови пристап до услуги и бенефиции како што се заеднички банкарски сметки и пензии, кои што во моментов им се забранети.