среда, 16 октомври 2024

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Илон Маск ѝ дал околу 75 милиони долари на својата организација која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Америка ПАК (Политички акционен комитет) се обидува да ја зголеми излезноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошила околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до Федералната изборна комисија.

Тоа е повеќе од кој било друг ПАК што сака да го мотивира одѕивот на поддржувачите на Трамп. Кампањата на Трамп во голема мера се потпира на надворешни групи за мотивирање на гласачите, што значи дека Супер ПАК основан од Маск – најбогатиот човек на светот – игра извонредно важна улога во изборите на кои се натпреваруваат Трамп и Камала Харис.

Маск беше единствениот донатор на Америка ПАК во тој период.

Во објава на Икс, тој рече дека ќе „одржи серија говори“ низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна држава и за Трамп и за Харис во трката за Белата куќа.

Маск, кој рече дека во минатото гласал за демократски претседателски кандидати, на овие избори направи остар пресврт надесно. Тој го поддржа Трамп во јули и се појави со него на митинг во Пенсилванија претходно овој месец.

Донациите на Маск за Америка ПАК го туркаат во ексклузивниот клуб на републикански мега-донатори, листа на која се и банкарскиот наследник Тимоти Мелон и Миријам Аделсон, сопственичка на казина и најбогата личност со израелско државјанство.

Сепак, претходно овој месец беше објавено дека Маск тајно финансирал конзервативна политичка група со години, долго пред јавно да го поддржи Трамп.

Америка ПАК одби да ги коментира донациите на Маск. Маск не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ