сабота, 5 октомври 2024

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Илјадници луѓе присуствуваа на синоќешната молитва и специјална комеморација за убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, во иранската престолнина Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Насрала беше убиен во Бејрут во израелски воздушен напад минатата недела, што предизвика бес во Техеран, кој потоа изврши ракетен напад врз Израел во вторникот.

Во главниот град на Иран беше одржана церемонија во чест на Насрала, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во молитвата го пофали Насрала и го повика муслиманскиот свет „да го врзе појасот на одбраната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ