петок, 18 октомври 2024
Миодраг Врчаковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Илегална миграција на легален начин!

Европската заедница со сите сили се бори против илегалната миграција.

Но дали знае, дали е свесна таа наша мила и со децении желно очекувана Европска Унија  дека една нејзина членка, нашата источна сосетка Бугарија, користејќи ги бугарските пасоши како средство за вешта измама, го прави токму тоа.

Им издава, им продава на македонските граѓани бугарски пасоши со кои им се овозможува вработување во европските држави без какви било проблеми.

Потребно е само писмено признание дека ние Македонците имаме бугарски корени, дека сме Бугари уште од раѓање, дека и нашите родители биле Бугари.

И ете ви најмалку 1.000.000 македонски Бугари дирекно во Европа, иако не сме нејзина членка.

Има ли поголема илегална државна миграција во ЕУ, организирана, стимулирана и спонзорирана дирекно од Бугарија, членка на европската заедница?

Но, тие не нè знаат нас. Ние сме мудар библиски народ кого маката го научила да  умееме да лови и во матно!

Ниту некогаш сме биле, ниту сме, ниту кога било ќе бидеме Бугари, дури и кога свесно, со официјални изјави признаваме дека сме тоа.

И тогаш, и сега, и за вечни времиња си остануваме само Македонци, итри Македонци со бугарски  пасоши во рака.

Ќе ви го објаснам ова преку примерот на мојот покоен татко Радивој што ми го кажа во шеесетите години.

-Паднал глушец во буре со ракија и почнал да се дави. Прета со нозете, голта од ракијата и на цел глас бара помош… Помош,помош, спасете ме… Го слушнал мачорот па му вели: јас ќе те извлечам од бурето и ќе те спасам, но само ако се согласиш потоа да те изедам. Не колебајќи се ниту миг глушецот давеник му одговорил: мачоре мој мил, извлечи ме од бурето, а потоа прави со мене што сакаш!  Спасувај… Се свртел мачорот со опашката кон бурето, глушецот се фатил за неа, излегол од бурето и трк во првата дупка… Побегнал! Го гледа мачорот и му вели: чекај пријателе, зошто побегна, па не се договоривме така! Нели се договоривме да те изедам откако ќе те спасам… А глушецот му одговорил: извини мачоре, но јас кога сум пијан не знам ни што зборувам, ни што ветувам. Договорот не важи!

Закличок: Кога некој е на голема мака, кога се дави, ќе се сложи на сè!

За голем број Македонци, бугарските пасоши се спас и решение на нивните егзистенцијални проблеми. Шанса за легален работен влез во некоја од европските држави на специјален илегален бугарски пасошки начин.

Ќе повторам уште еднаш!

Ние Македонците ниту некогаш сме биле, ниту кога било ќе бидеме Бугари.

Проф.Др. Миодраг Врчаковски

КОЛУМНИ

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

Рајко Пеколски

Во бестрага

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ