Игор Југ почина од срцев удар славејќи роденден на ќерката
Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст. Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април. Тој починал дома на денот на роденденот на неговата ќерка, а чекаше и бебе. Игор Југ издржуваше 12-годишна затворска казна за настаните од 27 април 2017 година и упадот во Собранието, а во затвор помина осум години.
Објавено на
часот