недела, 6 октомври 2024

Ибра потврди дека Милан ја губи трансфер битката со Манчестер јунајтед: Зиркзе е минато

Златан Ибрахимовиќ попладнево практично го потврди трансферот на Џошуа Зиркзе во Манчестер јунајтед и објави дека Милан ќе се насочи кон други цели.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ попладнево го презентираа новиот тренер Пауло Фонсека, и една од темите на разговор беше трансфер пазарот.

Златан Ибрахимовиќ, кој ја има улогата на советник на сопствениците, потврди дека ја загубиле битката за Џошуа Зиркзе.

„Росонерите“ ќе извисат поради тоа што одбиваат да платат 15 милиони евра провизија на агентот на Холанѓанецот.

„Разгледуваме неколку опции, но не се брзаме. Трансфер периодот трае со месеци и можам да ветам дека ќе донесеме нови играчи. Се водат разговори, но ниту една зделка не е комплетирана“ – вели Златан Ибрахимовиќ.

„Можам да потврдам дека Зиркзе е минато. Имаме друг играч на ум, но нема да ви откривам име“.

На оваа тема, Пауло Фонсека рече: „На сите им е јасно дека ни е потребен напаѓач. Сите заедно се обидуваме да донесеме голгетер со соодветни карактеристики. Сакаме да играме во последната третина од теренот, па ни е потребен силен напаѓач. Знаеме каков профил сакаме и се надевам дека наскоро ќе има вести“.

„Нема да откривам име, можам само да кажам дека јасно знаеме кој играч го посакуваме. Го загубивме Жиру, па кога правиме промена, таа промена треба да бдие подобра од претходно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ