вторник, 8 октомври 2024

И водата во Василево има манган

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека Општина Василево веќе подолг период презема мерки за обезбедување на питка вода за населението.

„Обезбедени се диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката. Обезбедени се канистри со вода за пиење на населението, а од денеска ќе функционира и цистерна за вода обезбедена со помош на општина Радовиш. Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“, стои во соопштението од комуналното претпријатие на Василево.

Се додава дека Општината во изминатиот период направила сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, каде е промената кварцната песок, која претходно никогаш не била променета од 2006 година, односно од изградбата на самата филтер станица, а исто така била променета и целата електроника.

Инаку, Струмица веќе 11 денови е без вода за пиење заради големото присуство на манган во водата која доаѓа од браната Турија и неможноста таа да се преработува во Филтер станицата во Струмица до фаза на вода за пиење. Градот Струмица и шест населени места водата од градскиот водовод можат ја користат само како техничка, односно таа не може се користи за пиење и готвење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ