понеделник, 21 октомври 2024

И таксистите бараат црвени таблички за службените возила

Претседателот на Групацијата на Авто-такси превоз, Сашо Рајчановски на својот фејсбук профил сподели фотографија со која се бара државните службени возила на институциите и општините да добијат унифицирани регистарски таблички, за да се види колку службени возила се возат низ градот.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Да видиме кој загадува, кој прави метеж во сообраќајот, кој злоупотребува службени возила. Веруваме дека конечно ќе се воведат вакви таблички за сите возила кои трошат гориво преку Буџетот на Република Македонија“, се вели во иницијативата.

Неодамна и од ВМРО-ДПМНЕ побараа воведување на црвени регистерски таблички за службените возила за са се „стави крај на злоупотребите на возилата во сопственост на државните органи и на општините. Ќе предложиме воведување посебни регистарски ознаки за нив. Со специјалните регистерски ознаки на државните службени автомобили ќе се спречи злоупотребата за приватни и партиски цели“, најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ