сабота, 19 октомври 2024

И студентите со ваучери би можеле да се најадат во Владата, цените се гарантирани

Тавче гравче за 35 денари, омлет со шунка – 80, денари, копан со ориз – 100 денари! А тост? Тостот е 70 денари ако е со кашкавал, 5 денари е поскап ако стават свински врат, а со говедско месо е „дури“ 85 денари! Кој памети, можеби тостот толку чинеше и во времето на „Чичко Стоилко“ од пред „Ванила“. Менито е од бифето во Владата и наведените цени се доказ дека денот може да се помине со малку пари.И студентите со ваучерите за топол оброк би можеле тука добро да се наручаат и да не го префрлат лимитот од 140 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Јунешкото соте со 180 денари малку го преминува лимитот на студентскиот ваучер. Но сланината на скара со 110 денари е сосема достапна, или вешалицата која чини 135 денари. И за заблажување има што да се касне по ручекот – баклава, тулумба, што и да е. И друго има во менито, не е само ова што го наведовме.

к

И пензионерите кои излегоа од дома па ги гледаме по улиците, со такви цени можеби протестите би ги претвориле во собири за владина поддршка.

Како и да е, цените во Владата се како измислени за да бидат доказ дека во Македонија има намалување на цените на храната и гарантирани цени. Се чини, има и цени под гарантираните. Веруваме дека имаме најниски цени во Европа – во македонската Влада. 

Логично е Владата да има свое бифе. Таму луѓето имаат работа, а мора и да останат прекувремено десетици службеници ако премиерот или некој од министрите решил да има попладневни или вечерни работни активности. Во бифето ќе се касне нешто. Можеби и нема да треба дома да се јаде.

Премиерот, министрите, службениците не ги гледаме често како претрчуваат преку улицата за да купат бурек, симит, или ѓеврек. Да немаат бифе сигурно би била интересна глетката пред пекарница – редица од министри, заменици министри, помошници министри, секретари и секретарки, службеници, па уште да му велат на премиерот или на вицепремиерите да не одат преку ред.

И така, замислете на излегување од бурекџилница да го слушнете премиерот или првиот вицепремиер како незадоволно коментираат: „Леле, бурек со чашка јогурт 100 денари! Колку копан со ориз.

                                                                                    П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ