понеделник, 16 декември 2024

И Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Лотарија

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Македонија, соопштија од Финансиската полиција, во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

„Иако бил свесен и знаел дека АД Државна лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Австрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1.100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали“, се појаснува во соопштението.

Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Македонија.

Денеска МВР информираше дека бил извршен е претрес и во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот. За него постојат сомневања дека е пребеган уште пред неколку месеци во Косово. Неговите домашни дале ветување при претресот дека ќе се врати. Во неговиот дом пронајдена е поголема количина пари во готовина, повеќе од 50 илјади франци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ