петок, 8 ноември 2024

И ДУИ и опозициската тројка за изборите ја посакуваат АА за партнер

Во просториите на општина Гостивар вчера се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а тема на разговорот била била можната коалиција на двете албански политички партии, кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори. И опозицискиот блок Европски сојуз за промени смета дека партијата на Таравари за претстојните избори ќе ја избере вистинската страна.  

Објавено на

часот

Сподели

Ахмети по средбата со Таравари изјавил дека сите опции се отворени и оти повторно ќе имаат средба.

„Опциите се отворени, имавме многу пријателски разговор. Повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, визијата, настаните. Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии, ќе донесеме одлука како и за која опција ќе се одредиме“, вели Ахмети во изјава за ТВ 21.

Од Европскиот сојуз за промени, коалицијата меѓу Беса, Алтернатива и Демократско движење, за ТВ 21 велат дека останува отворена понудата за партијата предводена од Таравари да се обедини со опозицијата. Од ЕСП велат дека знаат што сака активистот и гласачот на АА.

„Имаме добра комуникација со претседателот на АА и тој и неговата партија имаат отворена можност за да се приклучат во сојузот. Тој многу добро знае дека ураганот на победата не застанува и АА има можност да биде дел од оваа прослава. Засега немаме официјален одговор за ставот на АА кон оваа понуда и затоа не сакаме да ја прејудицираме нивната одлука. Како и да е, знаеме што сака активистот и гласачот на АА, а овие избори ќе бидат добра можност за да го артикулираме овој опозициски глас и за АА и нејзиниот гласач“, велат од Европски сојуз за промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ