вторник, 22 октомври 2024

Хумелс ја доби војната во соблекувалната, Терзиќ поднесе оставка и повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ попладнево соопшти дека тренерот Един Терзиќ поднел оставка и го напушта кормилото на првиот тим на Борусија Дортмунд.

Објавено на

часот

Сподели

„Милионерите“ ќе добијат нов тренер, Еден Терзиќ побарал да му биде раскинат договорот а раководството на клубот му излегло во пресрет и му дозволиле да замине.

„Навистина болно е да им го кажам ова на „црно-жолтите“ навивачи, но денеска се разделувам со Борусија Дортмунд. Ми беше огромна чест да го освојам Купот на Германија со Борусија Дортмунд и да го предводам овој фантастичен клуб до финале во Лигата на шампиони. По натпреварот на Вембли, побарав средба со раководството и ги известив дека треба да биде започната нова ера со нов човек покрај аут линијата. Сите кои ме познаваат знаат дека донесов тешка одлука. И посакувам се најдобро на Борусија Дортмунд, и ова не е збогување – ќе се видиме наскоро“ – порача Един Терзиќ.

Изминативе денови имаше многу написи за војна во соблекувалната и заладени односи помеѓу Матс Хумелс и Еден Терзиќ.

Искусниот дефанзивец во неколку наврати се замерил со тренерот, двајцата имале жестока расправија и пред финалето во Лигата на шампиони. Дури се шпекулираше дека Матс Хумелс поставил ултиматум, или тој ќе замине, или Еден Терзиќ ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ