понеделник, 21 октомври 2024

Хрватскиот претседател ги обвини Американците за опструкција во БиХ: „Ова е неприфатливо“

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ се осврна на најавените измени на изборниот закон во Босна и Херцеговина и ги поздрави напорите кои ги преземаат демократски избраните претставници на власта во БиХ за измена на законот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Договорот за измена на изборниот закон на БиХ, кој е на добар пат да биде постигнат, е единствениот правилен пат и единствен начин да се стабилизира политичката ситуација во БиХ. Предлог измените на изборниот закон на БиХ, за кои преговараат демократски избраните претставници на власта во БиХ, би му гарантирал на хрватскиот народ во БиХ право на бирање на свои претставници во Претседателството на БиХ, односно хрватскиот народ да биде легитимно претставен во највисокото државно тело во БиХ“, наведе Милановиќ.

„Бидејќи денес, како ни по неколку претходни изборни циклуси, хрватскиот народ во БиХ нема свој легитимен претставник во Претседателството на БиХ, измената на изборниот закон е приоритет кој претседателот Милановиќ го смета за важен чекор кон обезбедување на правата на хрватскиот народ во БиХ и постигнување стабилна и функционална БиХ, идна членка на ЕУ.

Сите досегашни интервенции во изборното законодавство на БиХ кои или доаѓаа од страна или ѝ беа наметнувани на БиХ, за жал, не придонесоа на стабилизација и подобро функционирање на државата. Тие дури дополнително ја претвораа БиХ во протекторат и го кочеа демократскиот напредок на БиХ создавајќи непријателство и отпор“, додаде Милановиќ.

„Поради тоа непријатно изненадува фактот што и сега сведочиме на обидите да се отежни или дури спречи договор за измена на изборниот закон кој е важен дел од поширокото решение за функционирање на БиХ. Изјавите, како таа од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Сараево, кои измените на изборниот закон непотребно ги врзуваат со измени на уставот на БиХ, се неприфатливи за Хрватска и можат да се толкуваат како обид за опструкција на решение кое на хрватскиот народ би му обезбедило рамноправна и легитимна застапеност во телата на власта на БиХ“, оцени хрватскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ