сабота, 26 октомври 2024

Хрватска шести пат по ред ќе игра на Европско првенство! (ВИДЕО)

Хрватска со минимална победа од 1-0 над Ерменија го завери настапот на Европското првенство во Германија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Коцкестите го продолжуваат континуитетот на настапи на Европските првенства, Хрватска по шести пат ќе игра на континентален собир.

Денеска со гол на Будимир во финишот од првото полувреме ја совладаа Ерменија со 1-0 и на крајот го освоија второто место, зад Турција, но пред Велс.

Велс кој се надеваше на кикс на Хрватска, не си ја заврши ни домашната задача. Одигра 1-1 против Турција.

Во другите денешни мечеви, Косово на свој терен загуби со 1-0 од Белорусија, Швајцарија со ист резултат беше поразена во Романија.

Грција и Франција одиграа нерешено 2-2. Хоалндија со 6-0 славеше кај Гибралтар, а Израел со 2-0 победи во Андора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ