недела, 20 октомври 2024

Хрватска протерува српски дипломат

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман изјави дека Загреб презема реципрочна мерка и дека ќе протера српски дипломат.

Објавено на

часот

Сподели

Како реципрочна мерка, Хрватска одлучила да го прогласи за непожелна личност советникот во амбасадата на Србија во Хрватска.

„Предвидовме ескалација, но не волку радикален потег, тоа не е вообичаено“, кажа Грлиќ Радман за српското протерување на хрватскиот дипломат Хрвоје Шнајдер.

„Одлучивме советникот во амбасадата на Србија во Хрватска да го прогласиме за персона нон грата. Нотата му е доставена на амбасадорот и во неа се наведува дека советникот мора да ја напушти територијата на Република Хрватска“, кажа тој.

Министерството за надворешни работи на Србија на 20 ноември 2023 донесе одлука да го прогласи хрватскиот дипломат Хрвоје Шнајдер за персона нон грата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ