среда, 5 февруари 2025

Хрватска мора на претприемач да му врати противракетен систем С-300 или 200 милиони долари со камати

Суд во Загреб одлучи дека Хрватска мора да му врати на претприемачот Звонко Зубак противракетен систем С-300 или 200 милиони американски долари со затезни камати од 1997 година, објави телевизијата Н1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на одлуката на Жупанискиот суд во Загреб, Н1 наведува дека дошло до пресврт во маратонскиот судски процес меѓу Хрватска и Зубак.

Оружјето било набавено во 1994 година на црниот пазар, кога Хрватска беше под ембарго на Обединетите нации за увоз на оружје.

Веќе долго време не се знае со сигурност каде се наоѓа тој систем, додава Н1, па е тешко изводлив делот од неправосилната пресуда за враќање на оружјето или неговите делови, кои биле прикажани на парада во 1995 година.

Спорот траел 22 години и сега е сменета неправосилната пресуда на загрепскиот Општински граѓански суд, кој тужбата на Зубак целосно ја одбил.

Зубак цело време тврдел дека Хрватска не му платила за набавката на оружјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ