Сировиот лиснат зеленчук, како што се кељ, спанаќ, зелка, целер, зелена салата, магдонос и блитва, не треба да се замрзнуваат сирови бидејќи тоа ќе влијае на нивниот вкус и текстура. Сите овие зеленчуци може да се бланшираат и дури потоа да се замрзнат (освен зелената салата, која станува кашеста кога ќе се замрзне).
Свежите домати исто така не се добри за замрзнување, поради нивната висока содржина на вода. Тие можат да се зготват или да се направат доматно пире, потоа да се замрзнат.
Друга храна која никогаш не треба да ја замрзнувате е компирот – без разлика дали се сирови, варени или печени, тие не реагираат добро на процесот на замрзнување, што може да го промени нивниот вкус и конзистентност.
Тестенини и ориз не замрзнувајте. Подготвените тестенини и оризот ќе го изгубат вкусот и конзистентноста и ќе станат кашести.
Од млечните производи не треба да се замрзнува млекото кое по одмрзнувањето може да има грутки, како и павлаката која ќе се одвои по одмрзнувањето. Исто така, не е добро да се замрзнуваат меките сирења, како што се рикота и фета, бидејќи тие можат да ја променат текстурата, а крем сирењето може да стане водено по одмрзнувањето.