Холандските новинари се чудеа на перформансот на Лука Модриќ со оглед на неговата возраст. Во микс зоната еден од новинарите му рече: „Дајте ми го вашиот пасош ве молам, сакам да го проверам. Неверојатно е да имате 37 години и вака да играте и да трчате се до 119. минута“.
Модриќ се насмеа на тоа и врати: „Нема проблем, ако сакате ќе ви го покажам пасошот по интервјуто. Да, мојот пасош покажува дека сум стар колку што рековте. Што да кажам? Навивачите ми даваат толку љубов и почит што е неверојатно и затоа и на оваа возраст ми е задоволство да играм“.