понеделник, 21 октомври 2024

Холандски ловци Ф-16 префрлени во Романија, наскоро почнува обуката на украинските пилоти

Холандија испрати пет борбени авиони Ф-16 во Романија, каде украински пилоти ќе се обучуваат за користење на овие ловци од американско производство, соопшти холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.

Објавено на

часот

Сподели

„Холандските авиони Ф-16 ќе слетаат денес во воздухопловната база Фетешти во Романија, каде ќе биде отворен центар за обука на украинските пилоти“, напиша таа на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Холандија и Данска први се согласија на Украина да ѝ обезбедат ловци Ф-16. Белата куќа потврди дека Украина ќе добие борбени авиони од трети земји кога нејзините пилоти ќе ја завршат обуката. Олонгрен претходно вети дека Холандија ќе испрати од 12 до 18 ловци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ