Во извештајот пишува дека нема докази за изгореници од бел фосфор во таа земја, но дека истражувачите слушнале за можни оштетувања на дишните органи.
Адвокатите на ХРВ велат дека според меѓународното право се смета за злосторство пукањето со таква муниција во населени подрачја.
Израел тврди дека фосфорот го користи само како димна завеса и дека не гаѓа цивили.
Таа хемиска супстанца може да предизвика пожар во зградите и да го спржи човечкото месо до коски.
Преживеаните се во опасност од инфекција и може да им откажат респираторните органи дури и со мали изгореници.
ХРВ со седиште во Њујорк заедно со организацијата Амнести интернешнел го обвини Израел за користење бел фосфор и во октомври минатата година, помалку од еден месец по почетокот на војната на израелската војска и либански Хезболах долж границата на Либан со Израел.