„Кипар, исто така, ќе биде дел од оваа војна ако ги отвори своите аеродроми и бази за израелските сили“, рече Хасан Насрала во телевизиско обраќање само еден ден откако Израел го предупреди Хезболах, група поддржана од Иран, дека војната е неизбежна.
Ова е првпат Хезболах да му се заканува на Кипар, кој е во ЕУ и се наоѓа во Средоземното Море, на околу 200 километри од Либан. Кипар одржува заеднички воени вежби со Израел од 2014 година.
Заканата на Насрала дојде како дел од одговорот на предупредувањето на Израел. Тој рече дека Хезболах „ќе ги потресе столбовите на Израел доколку на Либан му се наметне војна“.
Тензиите меѓу Хезболах и Израел растат по нападот на Хамас на 7 октомври и воената кампања на израелските одбранбени сили во Газа што следеше. Прекуграничните напади меѓу Хезболах и Израел се интензивираа во последниве недели, што ја зголеми загриженоста за можноста од сеопфатна војна.
Во вторникот, Хезболах се пофали со 9-минутно видео снимено со дрон на кое се прикажани цивилни и воени локации околу еден од најголемите израелски градови, Хаифа. Видеото го поттикна израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац да предупреди на „сеопфатна војна во која „Хезболах ќе биде уништен, а Либан тешко поразен“.
„Непријателот знае дека ниту едно место во целата земја не е безбедно од нашите проектили. Намерно ќе ги таргетираме“, рече Насрала во својот говор.
This is insane. Hezbollah drones are out there screenshotting all sensitive Israeli positions, chemical and oil storages and the entire port of Haifa while the Iron Dome is clueless. Hezbollah will destroy the port if Israel attacks Lebanonpic.twitter.com/4YhXnoUHQJ
— Hadi (@HadiNasrallah) June 18, 2024
Како одговор на заканата на Насрала, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека островот „на никој начин не бил вклучен во воени конфликти“.
„Република Кипар не е дел од проблемот. Република Кипар е дел од решението. И нашата улога во ова, како што е прикажано, на пример, преку хуманитарниот коридор, не е препознаена само од арапскиот свет, туку и од меѓународната заедница во целина“, рече Христодулидес.