четврток, 26 декември 2024

Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз израелска разузнавачка база

Проиранската шиитска милиција Хезболах, која дејствува во Либан, ја презеде одговорноста за ракетниот напад на израелската воена разузнавачка база во близина на Тел Авив, во централен Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во саботата вечер, борци на Хезболах „истрелаа салва ракети врз базата Жило, воена разузнавачка единица во предградието на Тел Авив“, објави проиранската група.

По една година размена на оган во јужен Либан, кој Хезболах го нарече „фронт за поддршка“ отворен во знак на солидарност со Хамас во Газа, конфликтот на Израел со Хезболах се претвори во отворена војна на 23 септември.

Израел врши воздушни напади врз упориштата на Хезболах во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут – Дахије, како и копнени упади на територијата што ја држи Хезболах.

Хезболах секојдневно го гаѓа Израел, како воени бази, така и урбани, цивилни центри на северот на Израел. Хезболах објави дека истрелал салва ракети врз голем број места на северот на Израел, особено во областа на градот Сафед.

Израелската војска соопшти дека нападот сè уште трае.

Деветнаесет лица во централниот израелски регион Шарон се повредени, соопшти израелската полиција, откако војската соопшти дека три проектили биле истрелани од Либан кон израелска територија рано во саботата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ