понеделник, 21 октомври 2024

Хезболах го нападна Израел со моќна ракета, Израел одговори со најжестокиот напад врз Либан

Либанското движење Хезболах денеска објави дека извршило истовремени напади врз израелските позиции на границата, жителите на југот на земјата известуваат за некои од најжестоките израелски напади досега во повеќенеделните прекугранични судири.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска објави дека нејзините авиони гаѓале цели на Хезболах како одговор на претходните напади од либанска територија и дека воздушните напади ги придружувале со артилериски и тенковски оган.

Либански извор запознаен со нападите на Хезболах рече дека милитантната група употребила моќна ракета што сѐ уште не ја користела во напад.

Израел и Хезболах разменуваат оган преку границата откако Хамас изврши терористички напади врз Израел на 7 октомври. Тоа е најголемата ескалација на борбите од војната во 2006 година, но таа засега е ограничена на пограничната област.

Водачот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, во својот прв говор од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел, во петокот рече дека потенцијалната ескалација ќе зависи од настаните во Појасот Газа и однесувањето на Израел кон Либан.

Тој додаде дека нападите на границата „нема да бидат сè што ќе направи Хезболах“. Досега во конфликтите загинале речиси 60 членови на тоа движење.

Безбедносните извори и очевидци во Либан известуваат за најмоќните израелски напади од почетокот на конфликтот.

Израел објави дека биле погодени „терористичката инфраструктура, ракетните складишта и комплекси“ што ги користи Хезболах.

Израел најави дека не е заинтересиран за конфликт на северната граница. Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатиот месец го предупреди Хезболах да не отвори втор фронт, велејќи дека тоа ќе предизвика „незамислив“ израелски одговор што ќе го опустоши Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ