понеделник, 21 октомври 2024

Хезболах го нападна Израел со дронови и ракети, има жртви

Либански Хезболах се пофали со низа напади со беспилотни летала, ракети и артилериски гранати на северот на Израел, во близина на границата со Либан. Од почетокот на војната на Израел против Хамас на 7 октомври, Израел и Хезболах постојано се судираат, главно во пограничната област. Овој пат во три наврати користеле дронови.

Објавено на

часот

Сподели

Објавено е дека артилерискиот оган бил насочен на позициите на израелските војници во таа област. Неколку израелски воени позиции во близина на границата се гаѓани со ракети „буркан“. Наведено е дека во нападите има жртви. Израелската војска го потврди нападот и тоа дека од либанска страна се испукани 25 ракети.

Како одговор на нападите од Либан, израелските сили ја гаѓале „терористичката инфраструктура на Хезболах“ со артилерија, борбени авиони и хеликоптери.

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах кажа на 11 ноември дека неговите борци користат ново оружје, вклучувајќи ракети „буркан“, кои можат да носат од 300 до 500 килограми експлозив.

Во секојдневната размена на оган долж границата со Либан се убиени најмалку 90 луѓе, главно борци на Хезболах, но и 11 цивили. Од израелска страна загинале девет лица, од кои шест војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ