петок, 21 февруари 2025

Хет-трик на Мбапе, Реал Мадрид го понижи Манчестер Сити (ВИДЕО)

Килијан Мбапе имаше шоу на Сантијаго Бернабеу постигнувајќи хет-трик, Реал Мадрид со 3-1 го совлада Манчестер Сити, ПСЖ со 7-0 славеше над Брест.

Објавено на

часот

Сподели

еал Мадрид полесно од сите очекувања го победи Манчестер Сити, англискиот шампион изгледаше тотално немоќно на вечерашниот натпревар.

Не само што победи, кралскиот клуб убедливо го надигра Манчестер Сити.

Ѕвезда на вечерта беше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик. Серијата ја почна уште во четвртата минута, во првиот дел даде уште еден гол, а во 61. минута го постигна третиот погодок.

Манчестер Сити успеа во 92. минута само да го ублажи резултатот со гол на Нико.

ПСЖ го победи Брест со 7-0 и го елиминираше противникот со вкупни 10-0.

Интересно, седумте голови ги постигнаа различни стрелци, погодија Баркола, Кварацхелија, Витиња, Доу, Мендеш, Рамош и Маулу.

Претходно мечот меѓу Борусија Дортмунд и Спортинг заврши без голови 0-0.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ