„Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер непланирано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме патувањето со автомобил“, објави ерменскиот премиер на Фејсбук. Ванадзор, на северот од оваа кавкаска земја, се наоѓа во долина опкружена со планини.
Пашинјан во моментов се соочува со предизвик во неговата земја поради неодамнешното отстапување на четири погранични села на Азербејџан, како и победата на Баку во последните две војни за контрола на енклавата Нагорно Карабах, во 2020 и 2023 година.
Во хеликоптерска несреќа во планински области и тешки временски услови, овој месец, го загуби животот иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој прелетувал над северозападниот дел на Иран.