Брентфорд долго одолеваше на нападите на Арсенал кој и во првото полувреме се израдува на гол, но тој погодок на Тросар беше поништен поради офсајд.
Вистинската радост стигна во 88. минута кога Каи Хаверц погоди за водство од 1-0 кое значеше и победа.
По 13 одиграни кола во Премиерлигата, Арсенал е прв со 30 бодови, втор е Манчестер Сити со 29, па Ливерпул со 28, Тотнем има 26 и утре игра со Астон Вила која има само бод помалку од нив.