петок, 20 декември 2024

Харадинај: Курти е српски шпион

Претседателот на Алијанса за иднина на Косово Рамуш Харадинај води изборна кампања, па го обвини косовскиот премиер дека работи за интересите на Србија и го нарече шпион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не ми е лесно (Аљбин) Курти да го наречам соработник, шпион на Србија. Ги знам последиците кога ќе се заземе таков став. Верувам во тоа што го кажав, не соработувам со Курти бидејќи мислам дека тој е злото на оваа земја. Повеќе би сакал да останам без моќ и без ништо“, кажа Харадинај.

Тој додаде дека за неговата партија не постојат „црвени линии во соработката со други политички партии, освен со Самоопределување и Курти“.

„Немаме пречки, имаме црвени линии само за премиерот Курти“, наведе Харадинај.

Додека Курти упорно го избегнува формирањето на Заедницата на српски општини, Харадинај најавува дека кога ќе дојде на власт, нацрт статутот на ЗСО ќе го исправи во уставниот суд.

Тој смета дека овој чекор на Приштина ќе ѝ обезбеди столче во Советот на Европа, кандидатура за ЕУ и поддршка за директно членство во НАТО.

„Во првата недела на владата, ако бидам јас на чело, ќе го поднесам до уставниот суд овој нацрт кој денес постои. Не уште еден. Не инсистирам на нов нацрт, не барам време бидејќи, како што знаете, светот е многу брз. Поради безбедносните случувања, поради новата администрација во Америка. Значи никој нема време повторно истото нешто да го договара со вас. Верувам во нашиот уставен суд кој ќе го исчисти од секој елемент кој не е уставен, бидејќи е чувар на уставот, тоа е суд, а не политика“, кажа Харадинај.

Истакна дека тоа ќе ги отклучи интеграциските процеси на Косово кон меѓународните организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ