Претседателот на хрватската влада Пленковиќ во Саборот го поднесе извештајот за работата на својата влада и за состојбата на државата и нацијата. Наместо пратениците да го слушаат извештајот на Пленковиќ, во парламентот настана хаос. Додека премиерот се обидуваше да зборува, опозицијата тропаше по масите.
Пленковиќ продолжи со своето излагање, но не успеа да биде погласен од опозициските пратеници.