недела, 20 октомври 2024

Хаос на улиците во Даблин по напад во близина на училиште – запален автобус, трамвај, полициски автомобил (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сѐ уште не е утврден мотивот за нападот кој се случил во близина на училиште. Набрзо избувнаа насилни немири во центарот на Даблин. Дошло до конфликт меѓу полицијата и толпа луѓе. Интервентаната полиција излезе на улица, запалени се автомобили.

Началникот на ирската полиција ја обвини за немирите „лудачката, хулиганска фракција водена од идеологија на екстремната десница“ и ги повика луѓето да ги игнорираат „дезинформациите што кружат на социјалните мрежи“.

Министерката за правда Хелен Мекенти рече дека се работи за разбојници и криминалци кои ќе бидат уапсени и затворени.

Мекенти за РТЕ изјави дека „она на што сме сведоци вечерва е мала група луѓе кои не ме претставуваат мене или огромното мнозинство луѓе во оваа земја, кои го користат овој ужасен чин за да предизвикаат хаос и да сеат поделби… Тие се насилници, тие се криминалци, токму така ќе се постапува со нив“.

Таа рече дека полицијата реагирала на немирите „со полна сила, користејќи ги сите средства на располагање за да ги изведе овие луѓе пред лицето на правдата“. Таа рече дека имало многу апсења и дека ќе има уште.

Ирски Егзаминер известува дека демонстрантите нападнале трамвај на Св. Стефан Грин, скршиле неколку прозорци и го запалиле. После тоа, ограбиле и некои продавници лоцирани во близина.

Порталот наведува дека во толпата имало мажи на 20-годишна возраст, со покриени лица кои извикувале слоган „извадете ги“.

Децата кои во четвртокот биле нападнати со нож стоеле во редица пред училиште, под надзор на наставници, пишува ирски Индипендент.

Полицијата отфрли терористички мотив за нападот. Индипендент пишува дека напаѓачот е маж кој во последните години живеел на различни адреси во Даблин. Тој е ирски државјанин кој долги години живее во Ирска, но не е роден таму.

Медиумите пишуваат и дека првите резултати од истрагата покажуваат дека тој не бил поврзан со училиштето во кое оделе децата.

Полицијата истражува дали напаѓачот доживеал психотична епизода. Тој наводно бил виден во близина на училиштето неколку минути пред нападот.

Полицијата не бара други осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ