сабота, 19 октомври 2024

Хантер Бајден обвинет за даночна измама, се соочува со 17 години затвор. „Не сум виновен“

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, вчера пред федералниот суд во Лос Анџелес се изјасни за невин по обвиненијата за затајување данок што произлегуваат од неговите деловни зделки, што ја поттикна истрагата за импичмент на неговиот татко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судијата закажа судење за 20 јуни, а доколку биде прогласен за виновен, Хантер се соочува со затворска казна до 17 години.

Бајден Јуниор не им се обрати на новинарските екипи и демонстрантите кои чекаа пред судот по сослушувањето. Неговиот адвокат, Абе Лоуел, рече дека неговиот клиент ги платил заостанатите даноци и дека го гонат поради познатото презиме.

Хантер Бајден (53) е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека од друга страна потрошил милиони долари на екстравагантен животен стил, вклучувајќи и дрога, ескорт дами и луксузни автомобили.

Акцентирана е неговата „добра заработка“ како член на управниот одбор на украинскиот индустриски конгломерат и кинескиот фонд на приватен капитал. Но, како што му се зголемувале приходите, така се зголемувале и трошоците, па само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но ништо за плаќање данок.

Хантер и претходно се соочувал со обвиненија за затајување данок, а агенцијата, исто така, потсетува дека во посебен случај на судот во Делавер, тој се изјасни за невин по обвинението дека лажел за својата употреба на дрога при купување пиштол. Доколку биде прогласен за виновен, таквите обвиненија носат до десет години затвор.

Републиканците во Претставничкиот дом го обвинуваат Хантер за непочитување кон Конгресот затоа што одбил да сведочи зад затворени врати во нивната истрага за импичмент на својот татко.

Хантер Бајден изрази подготвеност јавно да сведочи, но претставниците го одбија. Инаку, тој во средата неочекувано се појави на рочиште во Претставничкиот дом на кое се разгледувани обвинувањата за непочитување.

Републиканците се фокусираа на деловниот ангажман на Хантер Бајден во компании во Украина и Кина додека неговиот татко беше потпретседател на Соединетите Држави од 2009 до 2017 година.

Досега не успеаја да изнесат докази за незаконски постапки на претседателот Џо Бајден.

Синот на претседателот, кој јавно зборуваше за својата зависност, никогаш не бил на позиција во Белата куќа или во кампањата на својот татко, забележува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ