понеделник, 21 октомври 2024

Хамас тврди дека Израел убил 500 луѓе во баптистичка болница

Хамас тврди дека Израел во воздушен напад ја погодил баптистичката болница Ал Ахли Араби во центарот на градот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Тие тврдат дека во нападот загинале најмалку 500 лица. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство изјави дека во нападот што ја погоди болницата загинале меѓу 200 и 300 лица, но Хамас оттогаш ја зголеми бројката на 500.

Хамас објави соопштение на својот канал на Телеграм како одговор на пријавениот напад врз болницата во кој, како што тврдат нивни функционери, биле убиени стотици луѓе.

„Овој страшен колеж е злосторство за геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени.

Меѓународната заедница и арапските и исламските земји мора да ги преземат своите одговорности и да интервенираат веднаш, сега, не утре, за да се запре ароганцијата на окупацијата и нејзината фашистичка армија и да се повика на одговорност за геноцидот што го извршуваат единаесетти ден по ред во веќе блокираниот простор“, беше соопштено.

Болницата била нападната без никакво претходно предупредување, објави катарскиот Ал џезира.

Израелската армија објави дека сè уште нема детали за наводното бомбардирање на арапската баптистичка болница Ал Ахли во градот Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмиралот Даниел Хагари, изјави дека извештаите за можен израелски воздушен напад врз болница во Газа сè уште се разгледуваат. Хагари изјавил дека сè уште ги нема сите информации и дека ќе објави повеќе детали кога ќе биде можно.

Тој рече дека сè уште не знае дали експлозијата, која наводно предизвикала стотици жртви, била израелски напад.

„Има многу воздушни напади, многу неуспешни ракети и многу лажни извештаи од Хамас“, вели тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ