понеделник, 21 октомври 2024

Хамас: „Победивме на 7 октомври, и така ќе остане“

Високи функционери на Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборуваше портпаролот Осама Хамдан.

Објавено на

часот

Сподели

Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари, кој кажа дека Хамас чува оружје под болницата Шеик Хамад. Тој тоа го негираше и кажа дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека се влез во подземен тунел.

„Илјадници наши борци се движат, без тие тоа да го знаат“, кажа Хамдан.

Портпаролот на Хамас ги повика Обединетите нации да ги проверат и набљудуваат болниците во Газа за да ги увидат израелските воени злосторства и да видат дека Хамас не се крие во нив.

Хамдан потоа на екран покажа фотографија со наслов „Холокаустот во Газа“, пред да каже дека Израел намерно гаѓал цивили во Газа, при што се уништени околу 250.000 домови.

„Војската на окупаторот гаѓа жени и деца на отворено, на улиците“, кажа тој.

Хамдан потоа полаа графички приказ кој ги прикажува последиците на израелските напади.

Кажа дека Израелците им делеле летоци на цивилите во Газа повикувајќи ги да се евакуираат за да ги натераат да излезат од своите домови и да станат полесни мети.

Портпаролот на Хамас потоа ја коментираше пошироката, меѓународна слика.

„Ги предупредуваме сите страни, ако сакаат нешто да му направат на нашиот народ, нашиот голем палестински народ тоа нема да го прифати“, кажа тој.

„Соединетите Американски Држави имаат валкани планови“, истакна, пред да додаде дека народот на Газа нема да молчи ако Вашингтон го продолжи своето партнерство со окупаторите, мислејќи на Израел.

„Сакаме независна држава со главен град Ерусалим. Секој кој мисли дека Хамас ќе биде уништен е во заблуда. Хамас ќе биде победник во војната со Израел“, додаде портпаролот на Хамас.

„Победивме на 7 октомври и ќе останеме победници“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ