среда, 5 февруари 2025

Хамас: Планот на Трамп за Газа е рецепт за хаос

Палестинската милитантна група Хамас реагираше на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на Газа и насилно преселување на Палестинците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, изјави портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми.

„Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови да поминат. Она што се бара е крај на окупацијата и агресијата против нашиот народ, а не протерување од нивната земја“, рече тој.

Зухри ги опиша изјавите на Трамп за преземање на Појасот Газа како „смешни“ и „апсурдни“. „Изјавите на Трамп за неговата желба да ја контролира Газа се смешни и апсурдни и какви било идеи од ваков вид може да го запалат регионот“, рече Абу Жури, пренесе Ројтерс.

Коментарите на Трамп доаѓаат во критично време, со преговорите за продолжување на примирјето во Газа во раните фази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ