вторник, 22 октомври 2024

Хамас најави ослободување на повеќе заробеници: Појасот Газа ќе стане гробишта на израелски војници

Хамас објави дека во следните неколку дена ќе ослободи странски заложници кои сунитската исламистичка група ги држи заробени во Појасот Газа од нападот на Израел на 7 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги известивме нашите посредници дека ќе ослободиме одреден број странци во следните неколку дена“, кажа Абу Обеда, портпаролот на оруженото крило на Хамас.

Американскиот конзул во Израел потврди денес дека американско-израелската државјанка Натали Ранан и нејзината мајка Џудит, кои Хамас ги ослободи по две недели заробеништво, се вратиле во САД.

Хамас испрати закани до Израел дека Појасот Газа ќе стане „гробишта за израелските војници“ и вети дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе му нанесе пораз кој ќе биде „крај на неговата политичка кариера“.

Хамас држи во заробеништво 239 заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ